Почна да работи првата фабрика на Dr.Oetker во Шимановци, Србија, чии производи се наменети за продажба во Србија и регионот, пишува еКапија.
Фабриката има капацитет на производство на 6.000 тони годишно.
“Континуираните иновации се насочени кон задоволување на новите потреби во согласност со модерните трендови на пазарот”, стои во соопштението.
Dr. Oetker во Србија произведува од 2013 година во закупен простор. Изградбата на новиот погон започна во април 2014.