Отворена фабрика за балетска опрема во Слепче

561

ballet-slippersВо селото Слепче во Демир Хисар, викендов беше отворена фабрика за производство на балетски обувки и опрема, од страна на руски инвеститори.

Фабриката е гринфилд инвестиција на компанија од Руската Федерација и се вика Гришко Македонија.

На свеченоста присуствуваше и имаше свое обраќање министерот за странски инвестиции, Бил Павлески.
По официјалниот дел следуваше концерт по повод свечениот настан, во организација на Македонската опера и балет. Концертот се одржа во Дом на култура во Демир Хисар.