Отворена фарма за куни во БиХ

590

kuna

Единствената фарма за куни, прва од таков вид во Босна и Херцеговина, се наоѓа во непосредна близина на Сараево. Сопственичката на фармата, Амела Беговиќ, идејата да отвори фарма во БиХ ја добила во Шведска, каде нејзиниот сопруг работи на ваква фарма веќе 10 години. На фармата во БиХ го пренела системот од Шведска, што ја прави единствена, пишува агенцијата Анадолу, пренесува Независне новине.

Влакното на куните им е исклучително квалитетно и се користи за облека и додатоци за крзно. Куните живеат шест месеци, а цената на крзното на пазарот се движи од 20 до 100 евра, зависно од квалитетот. Колку е пократко влакното и подолго крзното, толку е подобар квалитетот, а со тоа и цената е повисока.

Куните се одгледуваат првенствено поради нивното ценето висококватитено крзно, кое е популарно во светот, а најголеми откупувачи се Кина и Русија. Крзната од фармата во Бих не се продаваат во оваа земја, туку се извезуваат во Америка и Данска.