Отворена иницијатива за сезонска авиолинија Белград – Охрид

79

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РС Македонија, д-р Љупчо Јаневски, на покана на државниот секретар Жикица Несторовиќ при Министерство за трговија, туризам и телекомуникации на Република Србија, зема учество на работните средби во Белград, во рамките на Конференцијата „Нови идеи за ново време”.
Конференцијата „Нови идеи за ново време” е организирана од Министерството за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, за заедничко дефинирање на стратегијата и начинот на претставување на регионалниот туристички потенцијал, како надополнување на иницијативата “Отворен Балкан”.
Денес директорот Јаневски, оствари состанок со државниот секретар Жикица Несторовиќ при Министерство за трговија, туризам и телекомуникации на Република Србија и Бошко Рупиќ, комерцијален директор на “Air Serbia”, фокусот на дискусијата беше воведување на авиолинија на релација Белград-Охрид која би оперирала два пати неделно и би имала сезонски карактер.

“Ова е поткрепено со одличните статистички показатели за раст на бројот на српски туристи и тоа за повеќе од 500% во 2021година споредбено со 2022г. Раст од 100% во бројот на туристи од Србија кој го посетиле Охрид е забележан и во првиот квартал од 2022 години споредбено со 2021, исто така и остварените ноќевања се со значителен раст”-изјави директорот Љупчо Јаневски.
Јаневски дополни дека регионалната соработка е предуслов за развој на туристичката индустрија, а со иницијативата “Отворен Балкан”, се поместуваат границите и истата станува дестинација од 15 милиони домашни туристи која е сериозна можност за инвестиции. Туризмот треба да се перцепира и како генератор на воспоставување доверба, соработка, економско закрепнување и добрососедски односи во регионот.