Отворена продавници за сувенири на Богородица

30

На граничниот премин Богородица на македонско-грчката граница вчера беше промовиран монтажниот објект за продажба на сувенири од страна на министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска.

На настанот, министерката изјави дека отворањето на објектот претставува одлична можност за сите граѓани и посетители на нашата земја да купат сувенири со мотиви од Македонија.

Вакви специјализирани продавници за продажба на сувенири освен во Гевгелија отворени се и во Скопје, Крушево, Берово, Дојран, Ресен, а наскоро се очекува нивно отворање и други градови.