Отворениот Балкан е можност за постојана стабилност и брз развој на регионот

59

Регионалната иницијатива Отворен Балкан е можност за трајна стабилност, решавање на отворените соседски прашања и брз економски развој на Црна Гора и на регионот, порачаа на средбата министерот Александар Дамјановиќ и амбасадорката на САД во Црна Гора Џуди Рајсинг.

Дамјановиќ рече дека Отворениот Балкан претставува можност за позиционирање на економијата на примарно место во земјите од Западен Балкан, соопшти Министерството.

По тој повод, министерот ги пренесе позитивните искуства на земјите-членки на оваа иницијатива, кои имаше можност да ги слушне на неодамна одржаниот саем „Вино Визија Опен Балкан“ во Белград.

Амбасадорката рече дека САД ги поддржуваат сите регионални иницијативи кои ја зајакнуваат соработката меѓу земјите од Западен Балкан, очекувајќи дека таквите иницијативи ќе бидат целосно инклузивни, компатибилни со патот на Црна Гора за влез во ЕУ и поддржани од граѓаните, пренесе Танјуг.