Ова е Атлас, милионскиот робот на Google

25

Тим од научници на MIT го подготвуваат Атлас, хуманоиден робот што може да се качува по скали, да отвора врати, па дури и да вози автомобил, за натпреварот DARPA Robotics Challenge што ќе се одржи на крајот од 2014 година.

Атлас е еден од осумте роботи направени од Boston Dynamics, компанија за роботика што ја купи Google во декември минатата година.

На натпреварот DARPA Robotics Challenge на роботите им се даваат разни задачи дизајнирани да го тестираат роботскиот систем за мобилност, манипулација, умешност, перцепција и операторот за контрола на механизмите.

Еве како сензорскиот систем на Атлас се справи со предизвикот – да најде парче дрво и да го подигне.

1r

2r

3r

4r

5r

7r