
На крајот на минатата година беше објавена листа од седум финалисти за Европски автомобил на годината за 2025 година.
Меѓу финалистите беа Alfa Romeo Junior, Citroën C3, Cupra Terramar, Dacia Duster, Hyundai Inster, Kia EV3 и Renault 5/Alpine A290. По конечното гласање беше прогласен победникот.
На церемонијата што се одржа во рамките на меѓународниот саем за автомобили во Брисел, жирито од 60 членови од 23 европски земји го избра автомобилот што ја однесе титулата најдобар на европскиот пазар.
Победата ја однесоа Renault 5 и неговата спортска верзија Alpine A290 со 353 поени.
На второто место се најде Kia EV3 со 291 поен, додека третото место му припадна на Citroën C3 (ëC3) со 215 поени.
Четвртото место го зазеде Hyundai Inster (172 поени), додека петти беше Dacia Duster со мала разлика (168 поени).
На шестото и седмото место се најдоа Cupra Terramar (165 поени) и Alfa Romeo Junior (136 поени).
Овогодинешното издание на натпреварот беше специфично по тоа што сите финалисти имаа електрифицирани погони, од кои повеќето беа 100 проценти електрични.
Секој член на жирито имаше можност да го тестира секој од автомобилите. Потоа имаа 25 бода на располагање, кои мораа да ги поделат меѓу финалистите. Еден од условите е еден модел да може да добие најмногу 10 поени, пренесува Индекс.











