Ова е најбогатиот човек во Турција

188

Forbes Турција ја објави листата со имиња на 100 најбогати луѓе во земјата, а на нејзиниот врв е Мурат Улкер, човек кој таа позиција до минатата година ја држеше пет години по ред.

По едногодишната пауза, шефот на Yıldız Holding, најголемата прехранбена компанија во средна и источна Европа, Блиски Исток и Африка, на првото место се врати со лично богатство во вредност од 4,7 милијарди долари.

Улкер, на Ülker група, членка на Yildiz Holding се придружил во 1984 година, како координатор за контрола. Во компанијата којашто има над 320 прехранбени брендови, бил на различни позиции, во 2000 година станал извршен директор, а 2008 година и генерален директор. Под негово водство Yıldız Holding го прошири својот бизнис и направи неколку аквизиции.

Улкер неодамна ја напушти управата на Yıldız Holding, а на своето богатство од минатата година додаде околу милијарда долари.

На второ место е шефот на турскиот градежен гигант Rönesans, Ерман Иличак со богатство од 3,2 милијарди долари.

Ферит Чахенк од Doğuş Holding е на третото место со лично богатство од 2,4 милијарди долари.

Вкупниот број на милијардери е ист како и минатата година (29), а бројот на жени на оваа листа се намали годинава од 28 на 25.

Фото: Yildizholding Printscreen