Ова е најбогатото гратче во САД

64

Најбогатиот град во Америка и оваа година е Атертон, во Силиконската долина во Калифорнија. Просечниот годишен приход на домаќинствата во овој град е поголем од пола милион долари, а меѓу сопствениците на куќи се бројни технолошки богаташи и спортски ѕвезди.

Веќе четврта година по ред Атертон е на врвот на листата на најбогати американски места, според мерењето на Bloomberg. Станува збор за мали градови, во некои случаи практично населби со најмногу 2.000 домаќинства.

Со просечни годишни примања на домаќинствата од 525.000 долари, ова е единствен град којшто го премина прагот од пола милион долари.

Најевтината куќа за продажба во Атертон чини 2,5 милиони долари.

Фото: Pixabay