Oва е најчеста новогодишна одлука

38

Многу истражувања покажуваат дека најчеста новогодишна одлука е наоѓање (подобра) работа. Понатаму, на второ место се оние кои донесуваат одлуки поврзани со работата, а на трето место оние што донесуваат одлуки поврзани со професионалниот развој.

Новогодишните одлуки се поврзани со усовршување, поголема плата, баланс на работа и живот.

Најчеста новогодишна одлука е наоѓање (подобра) работа, според истражувањето на хрватскиот портал MojPosao на скоро 400 испитаници. Три четвртини од испитаниците планираат да донесат новогодишна одлука, од кои 75% планираат да донесат одлука поврзана со работата, додека 25% донесуваат одлуки поврзани со професионален развој.

Од испитаниците кои донесуваат новогодишна одлука поврзана со работа, најчесто е наоѓање подобра работа, дури 62% имаат намера да најдат (подобра) работа. Една третина од испитаниците решиле да се подобрат и едуцираат, а третина да ги зголемат приходите.

За поставување на рамнотежа помеѓу работата и животот се решиле 17%, додека 6% од испитаниците решиле да работат на нивното тековно однесување на работното место, на пример, да ја зголемат иницијативата, да се здружат подобро со колегите, да избегнуваат конфликти и друго. Новогодишните одлуки ги донесуваат еднакво и жените 75% и мажите 74%, при што жените донесуваат повеќе новогодишни одлуки поврзани со работата 59% отколку мажите 51%.

Фото: Pexels