Во селото Алгатоцин во Андалузија, Шпанија, во семејната пекара Пан Пина се продава најскапиот леб на светот чија цена е 117 евра. Високата цена на лебот е поради тоа што истиот содржи таканаречена златна прашина.
Секоја векна тежи 400 грама, а замесена е од брашно од цело зрно со додаток на спелта и дехидриран мед, пренесува Telegraf.
Но тоа не е се. Во лебот има и 250 грама златна прашина која може да се јаде, еден дел во самото тесто, а остатокот е попрскан по крцкавата кора.
“Нашиот златен леб е многу популарен и го извезуваме надекаде во светот. Богатите сакаат да трошат пари на вакви скапи производи. Најголемиот број на купци се од регионот Kosta del Sol, Русија, Кина и земјите од Блискиот Исток. Луѓето веруваат дека злато во мали количини е добро за варење, а и останатите состојки се со врвен квалитет и органско потекло”, вели Хуан Мануел Морено, пекарот чија фамилија веќе 70 години се занимава со овој занает.