Huawei се етаблира како производител на мобилни телефони и поврзана опрема, а неодамна се појави и во автомобилската индустрија. Последниот резултат е Maextro S800, првиот модел од заедничкиот бизнис меѓу технолошкиот гигант Huawei и кинескиот производител на автомобили JAC, но и четвртото возило во проектот HIMA на Huawei. Тој се приклучува на линијата која ги вклучува моделите Stellato, Luxeed и AITO, кои беа создадени во соработка со различни кинески производители на автомобили.
Луксузната лимузина Maextro ги зема стилските знаци од своите европски конкуренти. Двобојната каросерија и тркалата се позајмени од Maybach, ултра тенките фарови се блиску до BMW Серијата 7, додека наведната линија на покривот потсетува на елегантниот Rolls-Royce Wraith со две врати.
Моделот е опремен со системи Super Cruise, Super Maneuverrability, Super Awareness, Super Privacy, Super Communication и Super Protection. Би рекле дека сето ова е одлично, но мора да видиме што прават сите овие системи, Пишува Ревија ХАК.
Деталите за електричниот погон остануваат во тајност. Maextro ќе се појави на пазарот следната пролет, со почетна цена од еден милион јуани, што во превод значи приближно 135.000 евра. Тие бројки го прават еден од најскапите автомобили некогаш произведени во Кина, но сепак е поевтин од европската конкуренција како Rolls Royce или Maybach базиран на Mercedes EQS.