Ова се најбогатите шефови на планетата

365

Шефовите во кујна имаат големи одговорности, почнувајќи од подготовка на храна сè до нејзино сервирање пред гостите. Некои од нив успеале да направат планетарен успех, да бидат насекаде познати и да заработат многу пари.

Според Wealthy Gorilla, најбогат шеф е Алан Вонг, со сметка од над милијарда долари. Вонг е еден од 12-те сопственици на Hawaii Regional Cuisine, компанија чија цел е промоција на локални намирници и создавање на нова американска кујна. Тој, исто така, е сопственик на неколку ресторани на Хаваи и еден во Јапонија, што имаат најголем придонес во неговото богатство. Добитник е на бројни награди.

Втор меѓу најбогатите шефови е Британецот Џејми Оливер со богатство од 400 милиони долари. Сопственик е на ланец на ресторани, креатор на кулинарски емисии и автор на книга за готвење.

Со богатство проценето на 220 милиони долари, трет најбогат шеф е уште еден Британец – Гордон Ремзи. Неговото богатство е благодарение на неговите ресторани, телевизиски шоуа, книги, лиценци и спонзорски договори.

Фото: Pexels