Ова се најдобри половни возила до 5.000 евра

797

Автомагазинот Auto Bild го анализираше годинешниот извештај на германската Асоцијација на технички прегледи (TÜV) и направи избор на најдобрите половни возила во ценовен ранг до 5.000 евра.

Автомобилите се поделени на основа на година на производство на 2-3, 4-5, 6-7, 8-9  и 10-11 години старост.

Во категоријата најстар модел без конкуренција е Volkswagen Golf Plus. Со оглед на тоа дека се смета за “пензионерски“ модел, јасно е зошто е толку популарен. Golf Plus нема некои изразени недостатоци, а го многу е застапен на пазарот на половни автомобили, па изборот е повеќе од солиден. Цените на Голф се движат од 1.800 евра за постари модели и поголема километража.

На листата постари автомобили се препорачува и Ford Fusionж, којшто може да се најде за 1.000 евра, а нуди доста простор.

Иако е поскап за одржување, рационално е и купувањето на Audi A3, старо осум до девет години со оглед на квалитетот и сигурноста и покрај големата километража.
Во препорачаните модели се наоѓа и VW Golf IV, којшто може да се најде по цена од 3.800 евра во Германија.

Ако ви е потребен градски автомобил стар 6-7 години, Auto Bild ја препорачува Mazda2, по цена од околу 2.000 евра.

Кај возилата со 4-5 година старост се истакнува Suzuki SX4, којшто за 3.100 евра може да биде одличен избор ако ви е потребен модел што нуди 4×4 погон.
Ако имате ограничен буџет, магазинот предлага да се фокусирате на францускиот адут Peugeot 308, за 2.500 евра.

Со 4.500 евра може да купите семеен автомобил евтин за одржување Opel Meriva.
За оние кои немаат доверба кон автомобилите на кои им истекла гаранцијата и бараат нешто старо 2-3 години до 4.000 – 5.000 евра, се препорачува Toyota Yaris и VW Polo, кои добро ја “држат“ цената и по неколкугодишна употреба.

Фото: Pexels