Ова се најплатените ТВ лица според Forbes

106

Доктор Фил не може да препише рецепт, ниту може да понуди помош ако се онесвести некој во авион. Не може да направи операција на мозок, ниту да поправи скршена коска. Но, тој и тоа како знае да го искористи своето име за да заработи пари. Овој психолог се претвори во телевизиско лице кое на својата сметка има 95 милиони долари.

Вака магазинот Forbes ја започнува статијата околу најплатените телевизиски водители за годината што полека изминува. Меѓу петте ТВ водители со најголеми заработки, Forbes ги одвои:

Рајан Сикрест – води емисија и на телевизија и на радио, а домаќин е и на шоуто American Idol. На неговата сметка има 71,5 милиони долари.

Елен де Џенерис – стенд ап комичарка која успеа со нејзиното популарно шоу Ellen да направи цела империја, сега е меѓу петте најплатени ТВ водителки со 80,5 милиони долари.

Раш Ламбоу – конзервативен радио водител со 30-годишна кариера има повеќе од 25 милиони слушатели месечно, а располага со богатство од 87 милиони долари.

Хауард Стерн – контроверзно ТВ лице што на својата сметка има 93 милиони долари.

Доктор Фил – прв на листата со најголема заработка е психологот Фил со сметка од 95 милиони долари.

Фото: Facebook