Ова се некои од најопасните јадења во светот

106

Има луѓе кои сакаат да го прошетаат светот, но водени според гастрономска карта, односно врз основа на автентичните јадења што доаѓаат од местото што го посетуваат. Но, не секогаш желудникот може да ја свари таа храна, а понекогаш може дури и да чини човечки живот.

Според податоците, околу 10 милиони луѓе во светот, додека патуваат се соочуваат со дијареа. Главни причини за тоа се храната и водата, коишто се контаминирани со одредени материи, а на коишто мештаните се веќе навикнати.

Подолу е листата на некои од најопасните јадења што се сервираат на трпезите ширум светот.

Фугу – Јапонија

Станува збор за рибата Фугу, што е позната како Blowfish. Препознатлива е по тоа што може да биде смртоносна доколку не е соодветно подготвена. Човек може да почине во рок од еден час, ако од рибата не е изваден црниот дроб и репродуктивните органи. Готвачите што ја подготвуваат оваа риба, мора да поминат обука што се однесува само на оваа риба и трае три години.

Casu Marzu – сирење од Сардинија

Иако не е смртоносно како рибата од Јапонија, овој вид на сирење може да предизвика гадење кај многу гурмани. Иако изгледа како обично сирење, тој во внатрешноста “крие“ живи црви. Овој вид на сирење се прави во близина на муви, кои положуваат јајца во неговата внатрешност, коишто се како катализатори за ферментација. ЕУ го забрани овој вид на сирење, но најверојатно сè уште може да се произведува, продава и купува на црниот пазар во Сардинија.

Крвави школки од Кина

Крвавите школки се деликатес што доаѓа од Шангај, но оној што ги јаде може да се зарази со хепатит. За да не се дозволи тоа, школките треба внимателно и брзо да се сварат за да се уништат бактериите што би го предизвикале хепатитот. Овие школки се препознатливи по сиво – белата боја и длабоките засеци полни со крв.

Фото: Pexels