Оваа билка се одгледува само во 20-тина земји во светот

67

Цикорија е билка која најчесто расте покрај патишта и на полиња. Станува сè попопуларна во светот бидејќи од нејзиниот корен се добива замена за кафе.

Цикоријата важи и за лековито растение коешто им се препорачува на дијабетичарите, бидејќи содржи материи што го урамнотежуваат нивото на шеќер во крвта.

Според Direct Farm, оваа билка може да се сретне само во 20-тина земји во светот. Скоро две третини од вкупното производство на цикорија доаѓа од Белгија, а потоа следуваат: Франција, Полска, Холандија и Јужна Африка.

Од земјите во регионот може да се најде во: Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Хрватска.

Фото: Pexels