На 30 март 2023 година (четврток), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 46. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка.
На сесијата ќе бидат презентирани трудовите:
„’Преговарај за својот удел‘: Улогата на преговарачката моќ на работниците за трудовиот удел, со осврт на транзицијата” од Марјан Петрески и Стефан Таневски, и „Влијанието на кредитирањето врз економската активност во Република Северна Македонија” од Борче Треновски и Дашмир Саити.
По презентирањето на трудовите e предвидена дискусија.
Народната банка објавува повик до сите истражувачи коишто се заинтересирани да учествуваат на сесијата на Клубот да се пријават на е-адресата: [email protected], најдоцна до 29 март 2022 година (среда).
Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.
На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.
Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.