Оваа земја дава одмор од 5 недели, а просечната плата оди до 5.000 евра: Важи за една од најсреќните во светот

2174

Како и другите скандинавски земји, Данска е позната по својот одличен систем на благосостојба и општото ниво на среќа кај населението.

Просечната плата е околу 49.850 евра или околу 4.154 евра месечно. Кога ќе се одбијат сите даноци, месечната бројка е 2.798 евра.

Според достапните податоци на Данска статистика, просечниот приход на едно семејство со деца е 90.250 евра годишно, по одбивање на даноците.

Сепак, Институтот допрва треба да ги објави бројките од претходната година, така што овие наоди се засноваат на податоци од 2022 година.

Главниот град Копенхаген е деловен центар на Данска, па просечните приходи таму се уште повисоки – околу 6.970 евра месечно. Се проценува дека просечниот граѓанин во Копенхаген заработува 40.000 евра повеќе годишно од сограѓаните во другите делови на земјата.

Најмногу заработуваат менаџерите (околу 143.000 евра годишно), адвокатите, директорите и законодавците, потоа самовработените, вработените со одредено искуство, а на самото дно се студентите и оние кои добиваат државна помош.

Според истражувањето на Pew Center, 80 отсто од Данците припаѓаат на средната класа, 7 отсто се припадници на високата класа и 14 отсто се припадници на пониската класа.

Како што е наведено, од оваа година во Данска нема законска минимална плата, но има случаи каде синдикатите од одредени сектори можат да преговараат за саатниците. Има и колективни договори за одредени дејности.

Работниците велат дека платите од 16 до 18 евра на час се вообичаени за нискоквалификуваните работни места кои не се со полно работно време.

Од друга страна, даноците се високи затоа што работникот со полно работно време дава околу 30 до 40 отсто од својот приход на државата.

Она што е привлечно во Данска е што вработените имаат минимум пет недели годишен одмор, а работат во просек по шест часа дневно.

По Финска, која важи за најсреќна нација во светот, меѓу земјите чии жители се најсреќни е и Данска.

Како го постигнаа тоа?
Процесот во кој Данска стана богата земја беше долг и повлекува клучни економски, социјални и политички реформи.

За време на индустриската револуција во 19 век, Данска го модернизира своето земјоделство и ги разви индустриските сектори, поставувајќи ги на тој начин основите за економски напредок. Воведувањето на аграрните реформи, соработката и здружувањето им овозможи на малите земјоделци да заработат пари, што дополнително ја подобри земјоделската продуктивност.

По Втората светска војна, Данска инвестираше во образованието и иновациите, охрабрувајќи ја транзицијата кон економија базирана на знаење. Развојот на силен систем за социјално осигурување, вклучувајќи бесплатно образование и здравствена заштита, создаде стабилно општество.

Во последниве децении, Данска се фокусираше на еколошката одржливост и обновливите извори на енергија, особено преку инвестиции во фарми со ветерници. Отвореноста на пазарот и членството во Европската Унија овозможија полесен пристап до странските пазари и привлекување странски инвестиции. Политичката стабилност, ефикасната јавна администрација, ниското ниво на корупција и деловната транспарентност создадоа поволна средина за економски раст.

Комбинацијата на овие фактори и овозможи на Данска да изгради силна и отпорна економија, што ја прави една од најбогатите земји во светот.