Оваа земја е извозник број еден на индустриски роботи

165

Индустриските роботи се секојдневие за многу производни капацитети, бидејќи се ефикасни, можноста за грешки е сведена на минимум, а во последно време и поради тоа што тие не се ризични за пренос на зарази.

На глобално ниво, според податоците на World’s top exports, извозот на индустриски роботи во 2019 година, беше на ниво од 5,6 милијарди долари. Јапонија се издвојува како лидер по извозот на овој вид на роботи со 1,6 милијарди долари или 28,5% од вкупниот светски извоз.

Зад Јапонија се најде Германија со извоз на индустриски роботи во вредност од 669,4 милиони долари. Меѓу петте најголеми извозници се најдоа и: Италија (462 милиони долари), Франција (335 милиони долари) и Данска (259 милиони долари).

Фото: Freepik