Оваа жена му е десна рака на Маск

110

Space Exploration Technologies Corp или позната како SpaceX оваа недела испраќа двајца астронаути во вселената. Компанијата на Илон Маск постои 20 години и веќе создаде своевиден мит.

“Ги упропастив првите три лансирања, пропаднаа. За среќа четвртото, за коешто ги потрошивме последните пари што ги имавме, успеа. Да не успееше, денес немаше да постои SpaceX. Судбината нè сакаше тој ден“, рече Маск пред неколку години, пренесува Science Alert.

Тој се потсетил и на Falcon 1, ракетата чие лансирање беше успешно во септември 2008-ма година.

“Почнавме со само неколку луѓе кои не знаеја како се прават ракети. Тоа беше причината поради којашто јас станав главен инженер, не затоа што сакав. Не можев никого да вработам. Ниту еден добар експерт не сакаше да ми се приклучи“, вели Маск.

Инаку, Маск е роден во Јужна Африка, имигрира во Канада кога имал 17 години, а потоа се преселил во САД. Таму ја основа компанијата PayPal и почна да го заработува своето богатство. SpaceX е основана во 2002-ра година со цел да изработува релативно евтини ракети за патување на Марс.

Единаесеттата личност која Маск ја вработил во 2002-ра година се покажала како вистински избор. Гвејн Шотвел беше задолжена за деловен развој на компанијата, а за многу кратко време таа му станува десна рака на Маск.

“Илон има визија, но му треба некој што ќе ги спроведе плановите на дело, а тоа е Гвејн“, вели Кор Хабард, професор на Стенфорд и еден поранешните директори на НАСА.

Инаку, 56-годишната Гвејн, кога во 2008-ма година стана извршна директорка на SpaceX, за себе рекла дека е бубалица. Дипломирала механичко инженерство и е членка на Националната академија на инженери.

Кога Илон зборува за колонизирање на Марс, нејзина задача е комерцијално да ја презентира таа идеја и да склучува договори.

Тимот на SpaceX зајакнува четири години по основање на компанијата, кога имало 80 вработени, а денес има над 8.000.

SpaceX во среда би можела да стане првата приватна компанија што ќе лансира астронаути во вселената. Тој проект го финансира НАСА. Иако Маск се соочил со технички проблеми, успеа да ја финализира вселенската капсула Crew Dragon пред Boeing.

Фото: Twitter