Овие богаташи нема да ги остават парите на своите деца

169

Многу милијардери, бизнисмени и познати личности во тестаментите го оставаат своето богатство на своите деца, но тоа не е случај кај сите. Некои богаташи не сметаат дека нивното богатство треба да заврши во рацете на нивните деца, пишува Business Insider.

Во продолжение прочитајте кои се тие и нивните причини да ги лишат потомците од наследство.

Најџела Лосон

Британската кулинарска водителка и новинарка која внесе револуција во подготвувањето на храна и издаде три книги за готвење, може да се пофали со богатство од 15 милиони долари. Има две деца од првиот брак и една поќерка од вториот брак, но отворено зборува дека нема да им ги остави своите пари.

“Сигурна сум дека моите деца не би требало да имаат финансиска сигурност. Луѓето може да се уништат ако не мораат да заработуваат пари“, вели Лосон.

Стинг

Познатиот британски музичар Стинг, кој има шест деца, одлучил на своите потомци да не им остави ништо од своето богатство, кое се проценува на 300 милиони долари.

“Им реков дека нема да останат многу пари, бидејќи со сопругата ги трошиме. Имаме многу обврски и ги даваме парите на сè што ќе искрсне. Не сакам да им оставам пари во доверителски фондови, зошто тоа би било јамка околу нивниот врат. Тие мора да работат“, вели Стинг.

Мајкл Блумберг

Освен што се кандидираше за претседател на Америка за изборите во 2020 година, Блумберг е основач и извршен директор на софтверска и медиска компанија Bloomberg L.P. и 14-та најбогата личност на светот. Поранешниот градоначалник на Њујорк своето богатство од 64 милијарди сака да го остави на својата филантропска организација. Тој има две ќерки кои работат за филантропската организација.

Марк Цукерберг

Основачот на Facebook, чие богатство се проценува на 72 милијарди долари во 2015 година доби ќерка и по нејзиното раѓање откри дека 99% од своето богатство ќе го даде во добротворни цели, бидејќи сака ќерка му да порасне во подобар свет.

Фото: Pexels