Овие луѓе држете ги подалеку од бизнисот

573

Во работата, еднакво како и во другите сфери од животот, пожелно е да не се потпирате на луѓе кои не ви одговараат, шират негативна енергија или ви штетат на менталното здравје, успех, среќа… Ова се четирите типови на луѓе кои треба да ги избегнувате во бизнисот.

Луѓе кои забораваат, не почитуваат рокови и се неорганизирани

Сите имаме приоритети. Роковите и почитувањето се многу значајни во успешно водење на работата. Ако некој не може да заврши некоја работа од приватни причини, нормално е да се има разбирање од соработниците и шефот. Но, никој не сака да чека долго време за да се сработи работата. Избегнувајте луѓе кои не се ни одважуваат да ве известат ќе задоцнат со роковите поради Х причини.

Оние кои забодуваат нож во грб

Сите ги осудуваат ваквите личности. Од време на време, добро е да ги преиспитате и своите постапки. Како се однесувате кон другите, дали сте помогнале на некој откако ви помогнал вам. Дали сте вратиле за услугата. Никој не сака соработка со лицемерни, егоистични и луѓе кои земаат туѓи заслуги.

Оние кои не плаќаат

Сите сакаме да бидеме платени, бидејќи ако не сакаме тогаш не би работеле, туку би волонтирале. Ако некој сте ангажирале за работа или некаква соработка, треба да се испланира буџет. Приказните дека не ве платиле вас, па и вие не можете да платите, никој не го интересираат, а веројатно и нема да ви веруваат.

Фалбаџии и сезнајковци

Убаво е да се биде горд на своите постигнувања, но сè има свои граници. Во ред е бизнисот и своите идеи да ги презентирате како нешто супер, најдобро и најкреативно, но важно е да не заборавите да напоменете дека зад вас стои тим, дека не сте сами заслужни за сè. Многу луѓе се чувствуваат подобро ако го истакнуваат своето образованите и престижните училишта кои ги завршиле и тоа е во ред, но во нормални граници.

Фото: Pixabay