Овие прашања треба да ги поставите на вашиот иден шеф

263

Во потрагата за работа, покрај совршено подготвена биографија и подготовка на одговори за бројни прашања, едно прашање ѓе ве прашаат секако: Имате ли прашање за нас?

Тогаш е идеалната прилика да дознаете нешто повеќе за вашиот работодавач, неговите цели, очекувања од вас, вашата идна работа, политики на компанијата и слично.
Овие пет прашања може да ги поставите на вашиот иден шеф.

Кои се целите на вашата компанија? Визија? Мисија?

Одговарањето на ова прашање ќе ви даде увид во долгорочните цели на вашиот работодавец. Гледајќи ги целите на работодавачот, а со тоа и на целата компанија, ќе разберете зошто токму тоа е личноста која носи одлуки. Исто така, ќе ги елиминирате несаканите сомнежи за стратегиите на вашиот работодавец. Покрај целите, исклучително е важно да сте запознаени со визијата и мисијата на компанијата во која ќе работите, затоа што исто како и вашите колеги, вие самите станувате дел од идентитетот и истовремено ја претставувате компанијата во која сте вработени. Благодарение на дадените информации, покрај тоа што ќе откриете во која насока треба да се движи бизнисот, ќе знаете како можете да придонесете за постигнување на овие цели.

Дали има нешто што сакате да промените во вашата деловна активност?

Со поставување на ова прашање, умно ќе откриете што можете да направите за да ги донесете промените што ги сака вашиот работодавец. На пример, ако сака поактивно  учество на состаноци, преземете иницијатива во иднина.

Кои се вашите очекувања од мене?

Дали вашиот иден шеф очекува да бидете достапни и по завршувањето на работното време? Или за време на викендите? Дали очекува повратни информации од вас секој ден, недела или месец? Што прави кога ќе се појави криза или неуспех? Дали нуди дополнителна доедукација или обука? Дали имате можност да напредувате? Ова се само некои од под-прашањата што се исклучително важни за да знаете точно која е вашата идна работа.

Што можам да направам за да ја направам компанијата поуспешна?

Врз основа на одговорот на горенаведеното прашање, ќе знаете на што треба да се фокусирате повеќето и на кои задачи да им дадете предност. Со поставување на ова прашање, вашиот работодавец ќе добие увид дека сте навистина посветена личност, што е одличен бонус за време на интервју за работа.

Зошто ме вработивте?

Ова прашање, очигледно ќе го поставите кога ќе ја добиете работата. Иако се чини банално, многу е важно да дознаете врз основа на кои критериуми,  вештини и знаења сте биле избрани.

Фото:Pixabay