Овие работи можат значително да ја подобрат меморијата

121

Секојдневно сме затрупани со информации, обврски и ситници коишто редовно ни го одвлекуваат вниманието. Па така не е чудно што не можеме да запаметиме едноставни работи.

За среќа, тимови научници ширум светот редовно откриваат нови тајни за нашиот ум и нови начини како можеме да го подобриме памтењето. А некои од нив се прилично едноставни, како што е шкртање на лист хартија.

Учење на странски јазик

Учењето на странски јазик има неверојатни психолошки бенефиции. Учењето на друг јазик ги подобрува когнитивните функции. Личностите кои течно говорат барем еден странски јазика имаат помала шанса да развијат деменција или да ги губат когнитивните способности кога ќе остарат. Учењето на друг јазик ни помага да го подобриме памтењето. Студиите покажуваат дека личностите кои говорат два или повеќе јазици имаат подобра меморија.

Шкртање на лист хартија

Во студија спроведена на University of Plymouth, научниците откриле дека случајното шкртање на хартија може да ја подобри меморијата дури за 29%. Иако можеби се чини дека оние што чкрткаат додека разговараат посветуваат помалку внимание од другите, во реалноста овој чин помага да се задржи мозокот активен. Во студијата, луѓето кои добиле задача да шкрткаат додека слушаат досадни телефонски разговори, се сеќаваа на разговорите за 29% повеќе од луѓето кои само седеа и слушаа тивко.

Начинот на кој ја третирате хартијата каде ги запишавте своите мисли

Ако своите мисли ги напишете на парче хартија и потоа ја згужвате и ја фрлите во канта, зошто очекувате истите мисли мозокот да ги смета за важни?

Во студија спроведена на Ohio State University, откриле дека ваквото однесување значително влијае на нашата психа и фрлената хартија на којашто сме запишале нешто создава директна врска со мозокот, којшто исто така веднаш ја отфрла мислата.

Концентрирајте се на она што сакате да го запамтите најмалку осум секунди

Ако сакате долгорочно да запамтите некоја нова информација, науката вели дека потребно е да се концентрираме најмалку осум секунди.

Фото: Pixabay