
Консултантската компанијата „Мултиполитан“, која се занимава со истражувања и препораки за преселба во која било земја во светот, го објави својот извештај за 2025 година, интересен за оние кои се занимаваат со криптовалути.
Според нивната проценка на градовите и земјите кои се најсоодветни за животот на крипто-богатите, Љубљана е ставена на самиот врв.
„Новите финансиски центри на светот“ повеќе не се оние фокусирани на традиционалното работење, туку на финтех и криптовалути, се наведува во извештајот, а оние кои ќе ги прифатат новите трендови ќе имаат најголема корист од нив во иднина.
Најуспешните градови во светот веќе се свртуваат силно кон дигиталните средства и блокчејн, привлекувајќи таленти во областа на финансиите и се добро позиционирани за понатамошен раст. Во согласност со ова, се забележува движење на крипто-средства, како и на крипто-богатите луѓе, кон тие градови и земји, особено отворени за нови технологии и дигитални средства.
Во своето рангирање, „Мултиполитан“ зеде предвид голем број фактори, како што се регулаторната средина, даночниот режим, квалитетот на живот, богатството и стилот, дигиталната инфраструктура и отвореноста кон криптовалутите, објавува Маркс. Тие ги оценија секоја од метриките одделно, ги собраа резултатите и на тој начин ги добија 20-те најпосакувани градови за преселба кај оние чиј живот се врти околу криптовалутите.
Љубљана е на самиот врв на таа ранг-листа, со еден поен повеќе од Хонг Конг и Цирих. По нив следат Сингапур, Абу Даби и Луксембург, Лондон е 17-ти, Софија 20-ти, а Скопје, Загреб, Сараево – не се меѓу 20-те потенцијални „крипто престолнини“ на иднината.