Овој извоз на земјава ѝ донесе 3,5 милиони долари

68

Македонија во 2019-та година продаде чакал (ситно кршен камен) во висина од 3.505.000 долари или 45,3% повеќе во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

На глобално ниво, извозот на чакал лани достигна вредност од 2,7 милијарди долари или 16,7% помалку во однос на 2018 година.

Кина е најголем извозник во светот со 13,8% удел или 369,6 милиони долари. Меѓу петте најголеми извозници на чакал во светот лани беа и: Германија (236,4 милиони долари), Норвешка (228,9 милиони долари), Белгија (172,6 милиони долари) и Франција (124,5 милиони долари).

Од регионот, највисоко котираат Словенија (58,7 милиони долари) и Хрватска (55,8 милиони долари). Потоа следат: Грција (14,8 милиони долари), Босна и Херцеговина (10,6 милиони долари) и Србија (5,1 милион долари).

Фото: Freepik