Овој милијардер никогаш не би го вработил Илон Маск

115

Вредноста на компанијата Tesla во последно време е во пораст и може да се каже дека ова е еден од најдобрите периоди за директорот на компанијата Илон Маск.

Милијардерот Чарли Мунгер, кој е потпретседател на Berkshire Hathaway, даде интересен коментар за Илон Маск.

“Никогаш не го потценувајте човекот кој се преценува себе. Мислам дека Илон Маск е специфичен и можеби се преценува себе си, но можеби не греши цело време“, рече Мунгер.

Интересно е и тоа што тој вели дека не би го вработил Маск.

“Сакам некој кој ги разбира своите ограничувања, а не некој кој не разбира. Од друга страна, научив во животот нешто важно… Тие чудни момци што се преценуваат, повремено прават феноменални работи“, рече Мунгер.

Сепак, најблискиот соработник на Ворен Бафет додаде дека не сака околу себе луѓе кои живеат во заблуда, а повремено постигнуваат големи цели, туку сака разумни лица.

Фото: Pixabay