Овој милијардер се одрече од платата

59

Мукеш Амбани, најбогатиот Индиец, соопшти дека нема да ја зема својата месечна плата сè додека неговата компанија не се справи со финансиските проблеми.

Амбани рече дека нема да ја зема својата плата сè додека неговата компанија, Reliance Industries Limited, конгломерат што се занимава со преработка на нафта, производство и телекомуникациски услуги, не ги надмине финансиските проблеми предизвикани од пандемијата на коронавирусот.

Оваа одлука следува откако компанијата соопшти дека во споредба со истиот период лани, нејзината нето добивка во првиот квартал оваа година падна за повеќе од 37%, на 850 милиони долари.

Според Forbes, Амбани располага со богатство од 53,4 милијарди долари, а компанијата тврди дека од финансиската криза во 2008 година, платата му е ограничена на два милиони долари.

Фото: Pixabay