Совет од успешен претприемач што добро ќе им дојде на зафатените луѓе

204

Кога Тод Мекинон сакал да ја напушти својата добро платена работа, за да покрене старт – ап, знаел дека прво ќе мора да ја увери својата сопруга Роксан дека не е “лудак“.

Мекинон, кој тоа време бил млад татко, направил PowerPoint презентација за својата сопруга со наслов “Зошто не сум луд“, презентирајќи и го својот план за почеток на нова работа без штета по семејните финансии, дури и ако неговиот потфат пропадне.

Освен што бил сигурен во неговата финансиска стабилност, Меконон дал ветување на сопругата дека секоја вечер ќе биде дома за вечера. Неговата идеја за освојување на сопругата вродила со плод. Тој ја напуштил работата и ја основал Оktа, компанија за заштита на податоци во облак (cloud).

Мекинон сега верува дека ветувањето коешто го дал му помогнало да стане добар извршен директор.

Заминувал дома во 19 часот, но се чувствувал виновен кога вработените ги оставал во канцеларија, па се “враќал“ на работа подоцна, но преку интернет од дома. Заминувањето дома за вечера му овозможило на Мекинон да одмори и да има контрола над работата.

Тоа станало многу важно, имајќи предвид дека Okta пораснала од тим од двајца во компанија со 2.000 вработени во десетина канцеларии во шест земји.

“Можете да разговарате за работата со своите вработени, но културата се поставува на начин на кој делувате. Не е важно што им говорите, туку што работите“, вели Мекинон.

Фото: Pexels