P’9983 Graphite паметен телефон од Porsche и BlackBerry

38

intro19Германскиот бренд Porsche и канадскиот телекомуникациски гигант BlackBerry го претставија своето заедничко дело, луксузниот смартфон P’9983 Graphite.

716

Зад креацијата на овој телефон стои Porsche Design, користејќи најквалитетни материјали во металик графит боја и егзотична кожа со која е обложен задниот дел на смартфонот.

119

Тастатурата е специјално дизајнирана со уникатно изработени стаклени копчиња со неверојатна цврстина. Останатите надворешни делови се од не’рѓосувачки челик, црно стакло и графит.

514

P’9983 Graphite ги има сите перформанси како BlackBerry телефоните, инстант нотификации, BlackBerry месинџер и др.

618

Телефонот може да биде порачан во различна боја како и со рачно дизајнирани кожни елементи и специјално копче за пораки со украсен камен.

414

Цената на овој смартфон е 1.650 евра и може да се порача од Porsche Design и неколку специјализирани продавници низ светот.