P&G купува дел од германскиот гигант Merck за 3,4 милијарди евра

87

Фото: Facebook

Procter & Gamble купуваат дел од фармацевтскиот бизнис на Merck KGaA за 3,4 милијарди евра, со што познатите брендови од типот на Seven Seas ќе бидат повеќе застапени на пазарите во Јужна Америка и Азија.

Купопродажниот договор ќе овозможи проширување на портфолиото на P&G, којшто ги вклучува пелените Pampers, жилетите Gillette, сирупите за кашлица и настинка Vicks, со повеќе производи за здравствена грижа, јавува Reuters.

Палетата на Merck ги вклучува познатите витамински брендови како Femibion, Neurobion и Nasivin. Од компанијата велат дека аквизицијата ќе помогне да се фокусираат повеќе на одредени сементи од фармацевтскиот бизнис.

Околу 3.300 вработени во Merck најверојатно ќе бидат преместени во P&G откако договорот ќе биде финализиран.