Пад на азиските берзи, индексите на најниско ниво во последните две години

66

На азиските пазари во средата цените на акциите паднаа на најниско ниво во последните две години поради натамошниот пад на Волстрит, нестабилноста на британскиот пазар на обврзници, посилниот долар во однос на јенот и забавувањето на глобалниот економски раст.
Индексот на азиско-пацифичките акции на MSCI, без Јапонија, беше намален за 0,5 отсто до 7:00 часот и се лизна близу најниското ниво во последните две години.

Истовремено, на токиската берза индексот Никеи зајакна за 0,05 отсто, додека цените на акциите во Австралија и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,3 и 0,5 отсто. Во Шангај и Хонг Конг тие паднаа меѓу 1,3 и 2 отсто.

На азиските пазари владее неизвесност поради низа лоши вести.