Пад на британскиот извоз на храна и пијалоци во ЕУ за 75,5%

34

Британскиот извоз на храна и пијалоци во ЕУ забележа пад за 75,5% во јануари, соопшти  Федерацијата за храна и пијалоци, објаснувајќи дека таквиот резултат е постигнат поради трговските бариери по Брегзит.

Оваа организација наведе дека најтешко погодена е трговската рута за Ирска, која во јануари 2020 година била најголемиот британски пазар со удел од околу 18 % во вкупниот извоз на храна и пијалоци во Обединетото кралство. Тој удел во јануари оваа година се намалил на само 5%.

Иако залихите пред Брегзит и слабата побарувачка како резултат на мерките за затворање за време на пандемијата се еден од факторите за драстично намалување на извозот, здружението проценува дека “најголемиот дел“ од падот најверојатно е предизвикан од новите нецарински бариери кои најтешко ги погодија помалите производители.

Фото: Pixabay