Пад на цената на нафтата и житариците

114

Цената на нафта од утрово паѓа. Вредноста на барелот  на лондонскиот пазар е 111 долари, што е намалување за 5% во однос на вчерашниот ден. На американскиот пазар вредноста на барелот е 105 долари, што е исто така пад од околу 4 отсто.

Глобалните цени на нафтата почнаа да паѓаат вчера, откако Кина почна да ја применува мерката за затворање во Шангај, поради Ковид 19,град кој е голем финансиски и производствен центар.

Цена на пченица и пченка

Цените на пченицата и пченката утринава се намалуваат. Од утрово цената на пченицата е 1.057 долари за тон, што е пад од 4 отсто во однос на вчера. Цената на пченката е 748 долари за тон, што е нешто поблаг пад во однос на вчерашниот ден.