Пад на цената на нафтата на светските берзи, барелот под 80 долари

181

Цените на нафтата паднаа во петокот на светските берзи. За прв пат од септември, барел West Texas Intermediate, ВТИ беше под 80 долари. Под границата од 90 долари за барел се движи и цената на барел брент, пренесува Мина.

Во петокот околу 14 часот по средноевропско време, барел сурова нафта „West Texas Intermediate“ се тргуваше по 80,08 долари, а пред тоа цената накратко се лизна под 80 долари. Ова се случи за прв пат од септември, а причина за падот е загриженоста на инвеститорите за состојбата на глобалната економија и зголемениот број на заболени од корона вирусот во Кина.

Денеска нафтата ВТИ се тргува по цена од 80,08 долари за барел, а брент се тргува по цена од 87,62 долари за барел.