Пад на цената на нафтата на светските берзи

55

Цените на нафтата паднаа на 95 долари на меѓународните пазари во понеделникот, под притисок на посилниот американски долар и порастот на бројот на нови инфекции со коронавирус во Кина, што ги уништи надежите за брзо повторно отворање на најголемиот увозник на сурова нафта во светот.

Но, утрово  цените на нафтата бележат поголем пад, па на лондонскиот пазар цената на барелот изнесува 92,64 долари. На американскиот пазар барелот се продаваше по цена од 85,41 долари.

Цените на суровините пораснаа во петокот откако кинеската Национална здравствена комисија ги приспособи своите мерки за спречување и контрола на Ковид со скратување на периодот на карантин за блиски контакти на болните и патници кои пристигнуваат.

Но, бројот на нови случаи на Ковид-19 се зголеми во Кина во текот на викендот. Пекинг и некои други големи градови објавија рекорден број на заразени лица во понеделникот.

Во меѓувреме, Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) ја намали проценката за растот на глобалната побарувачка на нафта оваа и следната година, наведувајќи ги економските проблеми како причина.