Пад на добивката на најголемите хрватски банки

18

zabaВодечките хрватски банки се уште работат позитивно, но добивката во првите три месеци им е се поскромна. Притисната со лошите кредити, добивката е помала за 20% до 30% во однос на истиот период минатата година. Главни трендови што го одбележуваат целиот хрватски банкарски систем се пад на кредитната активност и зголемување на резервацијата за лоши кредити. Во такви услови нема раст на приходот, а добивката е во слободен пад, пишува Т-портал.

Профитот на најголемата, Загрепска банка, на ниво на групата изнесувал само 38,5 милиони евра, што е за 21,3% помалку во однос на истиот период 2013 година. Чистата добивка на Привредна банка Загреб, на ниво на група бележи поголем пад во однос на Загрепска банка. Добивката изнесува 28,6 милиони евра, што е 30,8% помалку од добивката во истиот период минатата година.