Пад на европските берзански индекси, најавите за царини на Трамп ги тресат пазарите

Европските и американските берзански индекси денеска се во пад, цените на нафтата и златото, додека цените на пченицата пораснаа.

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека царините од 25 отсто за Мексико и Канада ќе стапат на сила на 4 март, заедно со дополнителни 10 отсто царини за кинескиот увоз.

Претходно оваа недела, Трамп, исто така, објави царини од 25 отсто за европските автомобили и други стоки, но без да наведе временска рамка, што предизвика голема распродажба на акциите на повеќето големи светски берзи, пишува CNBC.

Индексот на Франкфуртската берза DAX во 9:30 часот падна на 22.386,22 поени, британскиот FTSE 100 на 8.715,94 поени, францускиот CAC 40 на 8.045,62 поени, а московскиот MOEX на 3.153,09 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна на 43.239,50 поени пред отворањето на берзите во САД денеска, индексот S&P 500 на 5.861,57 поени, а вредноста на Nasdaq индексот на 18.544,42 поени.

Според сегашните берзански податоци, цената на суровата нафта падна на 69.578 долари, а на нафтата од типот брент на 72.842 долари.

Европските фјучерси на гас за април на отворањето на берзата ТТФ се тргуваа по 45.650 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.855,13 долари за унца, а цената на пченицата порасна на 5,4692 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,03985, што е помалку од вчера, бидејќи еврото е под притисок поради најавените американски царини.