
Европските берзански индекси денес беа претежно во пад, бидејќи неизвесноста во Соединетите Американски Држави околу потенцијалното преценување на технолошките компании и одржливоста на инвестирањето во вештачка интелигенција се прелеа на глобалните пазари.
Одличните квартални резултати на највредната компанија во светот, американската Nvidia, ги смирија инвеститорите само за кратко време, но потоа трендот на распродажба на акции продолжи, а избегнувањето на каков било ризик беше забележливо на финансиските пазари, објавува CNBC.
Денес во 9:15 часот наутро, индексот DAX на Франкфуртската берза падна за 1,23 проценти на 23.027, 63 поени, францускиот CAC 40 за 0,64 проценти на 7.925,44 поени, британскиот FTSE 100 за 0,78 проценти на 9.453,35 поени, додека московскиот MOEX порасна за 1,89 проценти на 2.678,63 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна за 0,84 проценти на 45.752,26 поени, вредноста на индексот S&P 500 за 1,56 проценти на 6.538,76 поени, а вредноста на индексот Nasdaq за 2,15 проценти на 22.078,05 поени.
Европските фјучерси за гас за декември беа продадени денес на отворањето на берзата TTF по цена од 30,4 евра за мегават-час.
Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта падна на 57.752 долари, а цената на нафтата Брент на 62.168 долари.
Цената на златото падна на 4.033,79 долари за унца, а цената на пченицата на 5,2407 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс е 1,15537 долари, што е за 0,07 проценти повисока отколку на почетокот на тргувањето.











