Пад на фабричката активност во Кина

15

Производствената активност на Кина падна во јули, додавајќи притисок врз ослабената економија во чувствителна година кога се очекува претседателот Си Џинпинг да се обиде да го продолжи својот престој на власт.

Фабричкото производство е погодено од слабата глобална побарувачка и мерките за контрола на ширењето на корона вирусот кои влијаат на домашната потрошувачка, соопштија националната агенција за статистика и официјалната индустриска групација Кинеска федерација за потрошувачки логистика, пренесува Бета.

Месечниот индекс на потрошувачки трошење објавен од  Националното биро за статистика падна на 49 во јули од 50,2 во јуни на скала од 100 точки каде што сè под 50 укажува на опаѓање на активноста. Пад е забележан кај новите нарачки, извозот и вработеноста.

„Притисокот за намалување е голем. Влијанието на епидемијата продолжува да расте“, рече економистот Џанг Ликин.

Владејачката Комунистичка партија престана да зборува за овогодинешниот таргет за економски раст од 5,5 отсто, откако производството падна во вториот квартал кој заврши во јуни во споредба со претходниот квартал.

Забавувањето, кое го зголемува ризикот од губење работни места, политички ризик, ги зголемува предизвиците со кои се соочува Пекинг пред партискиот состанок во октомври или ноември, кога се очекува Кси да ја прекине традицијата и да си го додели трет петгодишен мандат како лидер на партијата. .