Пад на француските берзански индекси по неочекуваната победа на левицата на изборите

Француските берзански индекси паднаа денеска откако левичарскиот блок Нов народен фронт (НФП) неочекувано освои мнозинство гласови во вториот круг од парламентарните избори во земјата.

Еврото исто така падна во однос на доларот бидејќи инвеститорите не беа сигурни дали NFP може успешно да соработува со центристичката алијанса Заедно на претседателот Емануел Макрон, пишува Гардијан.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 18.351,34 поени, исто како и московскиот MOEX на 3.163,03 поени, додека британскиот FTSE 100 падна на 18.351,34 поени, а францускиот CAC 40 на 7.3965 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 39.375,87 поени, S&P 500 на 5.567,19 поени, а вредноста на Nasdaq индексот на 18.351,34 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 82.653 долари, а на нафтата „брент“ на 86.137 долари.

Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 32.990 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.377,36 долари за унца, а на пченицата на 5,6233 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08313, што е за 0,15 отсто помалку од петокот, пренесува Танјуг.