Пад на извозот од 6,4%: Како се движеше стоковната размена со странство во 2024 година?

Пад на вредноста на обемот на надворешнотрговската размена во 2024 година во однос на претходната година

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија во 2024 година изнесува 479 464.9 милиони денари и бележи пад од 6.45 % во однос на претходната година. Вредноста на увезената стока во 2024 година изнесува 683 900.3 милиони денари, што е за 0.42 % помалку во споредба со истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.

Во 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина, кои учествуваат со 48.3 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 61.4 % во вкупната размена.

Извоз јануари – декември 2024 година во однос на јануари – декември 2023 година

  • 479 464.9 милиони денари: -6.4%
  • 7 791.8 милиони евра: -6.4 %
  • 8 436.8 милиони САД долари: -6.3%

Увоз јануари – декември 2024 година во однос на јануари – декември 2023 година

  • 683 900.3 милиони денари: -0.4%
  • 11 114.3 милиони евра: -0.4 %
  • 12 025.7 милиони САД долари: -0.3 %