
Македонските градежни компании бележат значително намалување на активностите на странските пазари во периодот јануари – јуни 2026 година. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, вредноста на договорените градежни работи во странство се скрати за дури 76.5 % во споредба со истиот период од минатата година
Во периодот јануари – јуни 2026 година, градежната оператива извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 12.9 милиони денари
Во периодот јануари – јуни 2026 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 12 875 илјади денари,(односно 12.875 милиони денари) што е за 76.5 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Во наведениот период, градежната оператива од Република Северна Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 12 873 илјади денари, што е за 57.0 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Вредносните податоци за периодот јануари – јуни 2026, во однос на истиот период од 2025 година, се дадени врз база на паритетот 1 САД долар = 52.3050 денари.
Во периодот јануари – јуни 2026 година во однос на истиот период од претходната година:
- вредноста на договорените градежни работи во странство е намалена за 76.5 %,
- вредноста на извршените градежни работи во странство е намалена за 57.0 %











