Пад на обемот на превезена стока во железничкиот и воздухопловниот транспорт

46

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2022 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 893 илјади, во градско-приградскиот превоз 10 574 илјади, во железничкиот превоз 105 илјади, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 598 792.

Во второто тримесечје од 2022 година, во споредба со второто тримесечје од 2021 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 3.3 %, во железничкиот превоз е намалено за 28.5 %, додека во воздухопловниот превоз е намалено за 15.6 %.