БМВ минатата година продаде 2.450.804 автомобили, четири отсто помалку од претходната година.Тие ја припишуваат намалената испорака на бавниот економски раст во Кина, најголемиот пазар на автомобили во светот, но и на слабата побарувачка во нејзината матична земја, Германија.
Продажбата на BMW на кинескиот пазар потона за дури 13,4 отсто, а во Германија за 5,3 отсто.
Светлата точка беше сегментот на електрични возила со батерии (BEV), со вкупно продадени 426.594 автомобили, што е за 13,5 отсто повеќе од 2023 година.
Производителот на луксузни автомобили Мерцедес-Бенц минатата недела објави дека минатата година продал 2,39 милиони автомобили и комбиња, четири отсто помалку отколку во 2023 година.
Продажбата на патнички автомобили во Кина падна за седум отсто, и покрај закрепнувањето во четвртиот квартал.
Кина е најважниот пазар за сите водечки германски производители на автомобили, но неодамна ги мачи жестоката домашна конкуренција, особено во секторот на електрични возила и трговските тензии, забележува агенцијата Дпа.