Пад на приходите и добивката на Телеком и Т-Мобиле во првото полугодие

20

Deutsche-Telekom3-500x272Во првото полугодие на годината Македонски Телеком и Т-Мобиле оствариле евидентен пад на приходите и добивката, што се должи на падот на приходите од говорните услуги, додека од друга страна остварен е пораст во интернет и IPTV сегментот.

Приходите на ниво на Групација во текот на првото полугодие на 2013 година изнесуваат 6,3 милијарди денари (околу 102 милиони евра) што претставува намалување од 9,2% во споредба со истиот период лани, додека нето добивката е намалена за 39,5% и изнесува 1,1 милијарди денари (17,8 милиони евра).

Но, и покрај ова Македонски Телеком и Т-Мобиле остануваат на водечката позиција на домашниот пазар.

Според интерните проценки, Македонски Телеком зазема 71% од пазарот во сегментот на фиксна телефонија и 53% во широкопојасен интернет.

Приходите од интернет и дигитална телевизија преку интернет протокол (IPTV) се зголемија за 8% во споредба со првото полугодие од минатата година. Фокусот на double и triple play пакетите донесол зголемување на DSL корисниците за 10% со што корисничката база на DSL на крајот од јуни 2013 година достигнала 180 илјади корисници.

Корисничката база на IPTV услугата на Македонски Телеком во вториот квартал достигна број од 80 илјади корисници, што е зголемување од 58% во споредба со крајот на јуни 2012 година.
Оперативните расходи, во првото полугодие од 2013 година остануваат релативно стабилни споредено со истиот период минатата година. се наведува во соопштението објавено во петокот.

Во соопштението се додава и Т-Мобиле Македонија останува лидер на пазарот со 48,1% удел според интерните податоци. Намалувањето на приходите се должи на намалувањето на приходите во говорните малопродажни услуги. Но, и покрај силната конкуренција, корисничката база на Т-Мобиле на крајот на јуни 2013 година е 1,2 милиони корисници.