Пад на продажбата на автомобили во Кина и во јули

39

Продажбата на автомобили во Кина, опадна во јули, трет месец по ред, погодена од поплави во делови од земјата, нови жаришта на Ковид – 19 и недостаток на полупроводници.

Во јули, 1,86 милиони возила се продадени во Кина, 11,9 % помалку отколку во истиот месец минатата година, покажаа податоците на Кинеската асоцијација на производители на автомобили (CAAM) во средата.

Глобалниот недостаток на полупроводници што ги натера компаниите да го намалат производството најверојатно ќе продолжи уште некое време, бидејќи пандемијата продолжува да беснее во многу делови на светот, рече директорот на асоцијацијата Чен Шихуа.

Единствената светла точка во јули беше континуирано силната продажба на возила со електричен, хибриден и водороден погон, кои продадоа 271.000, двојно повеќе од истиот месец минатата година, покажуваат податоците на CAAM.

Фото: Pexels