Пад на производството на Газпром оваа година

18

Според прелиминарните резултати, од 1 јануари до 15 ноември 2022 година, руски Газпром произведе 359,7 милијарди кубни метри гас, што е за 19,2 отсто (85,3 милијарди кубни метри помалку) од минатата година.

Извозот во земјите надвор од ЗНД (Комонвелтот на независни држави) изнесува 93,2 милијарди кубни метри помалку или 43,4 отсто (за 71,6 милијарди кубни метри) помалку во однос на истиот период минатата година, пренесува Комерсант.

Расте извозот на гас во Кина преку гасоводот „Моќта на Сибир“ според билатералниот долгорочен договор меѓу Газпром и кинеската компанија CNPC, а испораките редовно ги надминуваат дневните договорени количини, објави руската државна компанија.

Во извештајот конкретно се споменува состојбата со снабдувањето со гас во Европа. Осврнувајќи се на Гас Инфраструктура Европа, компанијата наведува дека до 13 ноември во европските складишта биле испумпани 69,7 милијарди кубни метри гас.

„Но, дури и максималните резерви во европските складишта за гас не гарантираат сигурно поминување на претстојниот зимски период“, велат од Газпром.